Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Се извинувам, Кежаровски тука живее?“

Продукцијата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски го објави вториот трејлер од сторијата за полициско-судскиот прогон на новинарот Томислав Кежаровски.

Документарниот филм е хронолошко сведоштво на новинарот Томислав Кежаровски за настаните кои му претходат на неговото брутално приведување, судски процес и затворска казна. Во филмот е поместено неговото сведоштво на настаните кои се случуваат додека тој е на издржување на затворската казна вклучително и поддршката од неговите колеги медиумските работници.

Вториот трејлер од документарниот филм за Томислав Кежаровски

Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно после 5 години од заокружување на голготата наречена „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски“.

Во првиот трејлер имавте можност да погледнете мал фрагмент посветен на тогашната јавна обвинителка Лиле Стефанова која го водеше процесот, а вториот трејлер ви го пренесуваме делот во кој Кежаровски се враќа во КПУ затвор Скопје во Шуто Оризари за потребите на снимање на документарниот филм.

Првиот трејлер од документарниот филм за Томислав Кежаровски

Од продукцијата најавуваат дека наскоро ќе информираат за датумот на официјалната премиера.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново