Со ваква победа, ВМРО-ДПМНЕ која ќе владее во следните неколку години, апсолтуно немам никкви дилеми дека ќе направат едно преземање на целиот правосуден систем, рече политичкиот аналитичар Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“
„Ќе видиме колку ќе бидат еманципирани во сето тоа. Во принцип секоја една власт е еманципирана кога доаѓа, сака да средува да реформира и така натаму, но кога колата ќе успори, а може и ќе тргне надолу, за година две од сега, наеднаш почнуваат тоа што го инсталирале, да го користат само за свои околности. Со оглед на сите проблеми што ги гледам во државава, тие ќе мора во наредните пет шест месеци нагласено да се сконцентрираат на правење на една шоу програма околу апсење, покревање истраги итн, оти предизвиците се преголеми од она што го најавуваат за некакви силни реформи и слично, кои и да ги направат, ќе дадат резултат многу подоцна отколку што им треба во првите шест месеци, како некаков замаец и нова атмосфера во државата“, посочи Орданоски.
Тој додаде дека слично такво искуство македонското општество имало кога оваа партија последен пат дошла на власт.