Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на Србија.
Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри.
Засега нема информации за материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри северозападно од Таргу Зију, кој и претходно бил центар на потреси.