Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Тирана заврши конференцијата на Интерпол: Обединети пред сајбер криминалот и тероризмот

Во Тирана денеска заврши 51. Регионална конференција на Интерпол за Европа на која учествуваа околу 200 претставници од агенциите за спроведување на законот од европските земји.

Во завршниот збор албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала, рече дека за време на дискусиите во текот на трите дена на конференцијата, била истакната важноста од зголемување на соработката за соочување со предизвиците како што се компјутерскиот криминал, тероризмот итн или како што рече пораката од конференцијата е „обединети пред сајбер криминалот и тероризмот“.

-Во текот на изминатите три дена се вклучивме во сеопфатни дискусии и споделивме критички сознанија за широк спектар на прашања, од новите безбедносни закани и организираниот криминал, до влијанието компјутерскиот криминал, како и стратешко користење на можностите на Интерпол. Дискусиите не само што ги истакнаа заканите со кои се соочуваме, туку и колективната решителност и иновативните стратегии што можеме да ги искористиме за да ги надминеме, рече Бала.

Според него Интерпол, како клучен играч на меѓународната сцена, поседува суштински капацитети и способности за надминување на овие предизвици.

-Преку широки мрежи на информации и меѓудржавна соработка, Интерпол помага да се идентификуваат прекуграничните криминални активности и да се спроведат проактивни мерки за нивно спречување. Ова вклучува споделување податоци во реално време, обука за спроведување на законот и координација на заедничките операции. Во Европа, како и во секоја земја во светот

каде криминалот не познава граници, улогата на Интерпол е позначајна од кога било, служејќи како штит против заканите за регионалната безбедност и стабилност, нагласи Бала.

Посочи дека „појдовна точка на секоја национална иницијатива и напор против организираниот криминал е фактот дека ниту една земја не може сама да го победи организираниот криминал“.

Поради оваа причина, сметаат учесниците, рече тој, превенцијата и борбата против организираниот криминал се двата главни столба на националните и меѓународните безбедносни стратегии“.

На конференцијата учествуваше и претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал Раиси, кој на отворањето рече дека „глобалната безбедност останува приоритет“ нагласувајќи дека „соработката во борбата против криминалот е многу значајна“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен