Градските власти во Загреб соопштија дека поради топлотниот бран што трае веќе извесно време, ќе им овозможат и следниов викенд бесплатен влез во градските базени и градските музеи на сите жители на главниот град на Хрватска.
Бесплатен влез во базените ќе биде можен од петок 19 јули до недела 21 јули во пет грaдски базени.
Следниот викенд бесплатен влез ќе биде овозможен и во климатизираните музеи на Загреб, и тоа Археолошки и етнографски музеј, Музеј на град Загреб и Музеј на современа уметност.
Во случај на нови топлотни бранови ова лето, институцијата Управа со спортски објекти, градски музеи и Град Загреб ќе ја разгледаат можноста за бесплатен влез во градските базени и градските музеи и во другите викенди, со цел граѓаните полесно се справуваат со горештините.