Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимавајте – Со лажен бесплатен билет за ЈСП ловат лични податоци на Фејсбук


Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“, објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје, реагираат денеска оттаму.

„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, наведено е во соопштението од претпријатието.

Инаку, во објавата на Фејсбук, на т.н. страница Транспортна карта на град Скопје, наведено е следното:

„Град Скопје започна со кампања за подобрување на животната средина, охрабрувајќи ги жителите повеќе да користат јавен превоз. Скопска карта нуди бесплатен јавен превоз една година. Не одлагајте, специјалната понуда важи до 31 август“, наведено е во објавата.

Зачлени се на нашиот е-билтен