Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски во ОН: Путин нема сам да застане, Русија треба да биде принудена на мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази екстремен скептицизам во врска со преговорите со Русија за ставање крај на тековната војна меѓу двата соседа, јави ДПА.

Русија „врши меѓународно злосторство“, рече Зеленски пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

– Затоа оваа војна не може едноставно да згасне. Затоа оваа војна не може да се смири со разговори. Потребна е акција, рече Зеленски.

– Од првата секунда од оваа војна, Русија прави работи што не може да се оправдаат според Повелбата на ОН, нагласи украинскиот лидер.

Рускиот претседател Владимир „Путин прекрши толку многу меѓународни норми и правила што нема сам да застане, Русија може само да биде принудена на мир, а тоа е токму она што е потребно“, изјави Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен