Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јапонецот којшто 56 години чекаше да биде погубен, излезе дека е невин

Јапонскиот суд ослободи 88-годишен маж кој најдолго на светот чекал на извршување смртна казна. Ивао Хакамада во 1968 година бил прогласен за виновен за убиството на неговиот шеф, неговата сопруга и на нивните две малолетни деца. Притоа добил смртна казна со бесење.

На него му беше дозволено повторување на судењето поради сомнежите дека истражителите можеби подметнале докази кои довеле до тоа да биде осуден за четирикратното убиство. Случајот предизвика голем интерес во земјата, па стотици луѓе сакаа да бидат присутни во судницата во градот Шизуока при изрекувањето на новата пресуда.

Во 2014, Хакамада беше пуштен од затвор и му беше дозволено повторено судење откако адвокатите на одбраната приложија доказ дека ДНК од трагите од крвта пронајдени на облеката што ја носел убиецот не одговара на онаа на Хакамада. Оттогаш, за него се грижела сестра му зашто бил со нарушено ментално здравје.

Поради продолжените правни процедури, новото судење почна дури минатата година и траеше до завчера, кога судот донесе одлука за негово ослободување.

Хакамада е само петти осуденик на смрт во поствоената Јапонија на кого му било дозволено повторено судење.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново