Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фашизмот нема да помине на фудбалските стадиони, УЕФА ја казни Барцелона

УЕФА и забрани на Барселона да им продава билети на навивачите за следниот натпревар на гости во Лигата на шампионите поради истакнување транспарент со нацистички призвук за новиот германски тренер на тимот.

Црното знаме со зборовите „Flick Heil“ како „поздрав“ за тренерот Ханси Флик беше истакнато за време на мечот со Монако кога Барса загуби 2-1.

УЕФА соопшти дека клубот е обвинет за „расизам и/или друго дискриминаторско однесување“, а дисциплинската санкција ќе се применува на 6 ноември кога Барселона игра во Црвена звезда Белград.

Барселона имаше забрана за продажба на билети и минатата сезона. Во април, навивачите упатија нацистички поздрави до Пари Сен Жермен во натпревар од Лигата на шампионите.

УЕФА соопшти дека нејзините дисциплински судии, исто така, ја казниле Барселона со 11.000 долари.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново