На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи примопредавање на должноста генерален секретар на Алијансата меѓу досегашниот вршител на ова функција Јенс Столтенберг и неговиот наследник Марк Руте.
Toj официјално беше избран за нов генерален секретар на НАТО од страна на Северноатлантскиот совет на 26 јуни годинава, откако претходно доби поддршка од повеќето членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција и Велика Британија.
Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет години.
Промената на чело на Алијансата се случува во време кога НАТО се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.
Инаку покрај Руте, во трка за наследник на Столтенберг беше и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој ја повлече својата кандидатура уште пред заседанието на Северноатлантскиот совет.
Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина.
Во пресрет на напуштањето на функцијата, Столтенберг во колумна за „НАТО Ривју“ се осврна на резултатите од неговото 10-годишно раководење со Алијансата и на предизвиците со кои се соочи Пактот во период, како руската агресија врз Украина, зголемувањето на глобалната конкуренција, тероризмот, кибер нападите и климатските промени, кои, според него, го променија безбедносен пејзаж и начинот на функционирање на НАТО.
Руте официјално беше избран за нов генерален секретар на НАТО од страна на Северноатлантскиот совет на 26 јуни годинава, откако претходно доби поддршка од повеќето членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција и Велика Британија.
-Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање поголема воена помош за Украина поради непромислената нуклеарна реторика на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска во интервју за Ројтерс генералниот секретар на НАТО во заминување Столтенберг.
Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО.