Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полицајци со приватни возила поминале 959 пати без да платат на патарина во Романовце

Шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници без да плата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен