Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче за 100 дена Влада: Неисполнети големи ветувања за поголеми разочарувања

„Добивме Влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност. Влада која врши брутална партизација со некомпетентни кадри и секојдневни скандали на министрите. Одговорност за политичарите и функционерите нема, а вистината е заменета со постојана пропаганда“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција посветена на првите 100 дена од работата на Владата.

Филипче посочи дека очекувањата на граѓаните, заради ветувањата, со право беа големи и дека Мицкоски ветуваше професионална администрација, мерит систем, повисоки плати, силна борба со криминал и корупција. Ветуваше одговорност на политичарите и мудра надворешна политика која ќе на направи повторно горди.

„Досега, не исполнија ништо од овие ветувања, а неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочувања“, нагласи Филипче.

Во продолжение тој ги наведе неуспесите на оваа Влада како што се падот на просечната плата којашто за прв пат по седум години падна за цели 1000 денари.

„Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместа 12% кои ги планирапе СДСМ. Се случува целосна деградација на работниците и нивните права. За жал, се враќа политиката на евтина работна сила“, рече претседателот на СДСМ.

Платите паѓаат, стандардот се намалува, укажа Филипче, аВладата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците.

„Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните“, истакна Венко Филипче.

За сто дена, рече Филипче, нема ниту никаков траг од епскиот криминал кој наводно ќе го докажуваа.

„Наместо докази и постапки во институциите за прогон, имаме секојдневни прес конфернции на ВМРО-ДПМНЕ за јавен линч на опозицијата. Мицкоски партиската говорница ја претвори во Јавно обвинителство. Се враќа времето на најлошата пропаганда со која ќе се уништуваат животите на невини луѓе“, нагласи претседателот на СДСМ.

За само сто дена пропаднаа и ветувањата за реформи во судството, укажа Филипче.  

„Ветуваа распуштање на советите на обвинители и судии иако добро знаеја дека тоа не можат, но и не смеат да го направат. ВМРО-ДПМНЕ нема понудено реална идеја и концепт како планира да ги подобри состојбите во судството иако ветуваше многу“, доддаде тој.

Според СДСМ и Венко Филипче, нема ни трага од мудрата дипломатија која требаше да не направи повторно горди и ВМРО-ДПМНЕ ги разочара сите по ова прашање.

„ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави сржавата на днотот на Балканот. Ниту понуди јасен пат како напред, ниту понуди алтернатива. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со унијата како државата да е негова своина. Тој нема ниту мандат ниту право тоа да го прави“, предупреди Филипче.

Тој се осврна и на внатрешните безбедносни состојби.

„За сто дена ВМРО-ДПМЕН улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата, наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминлаци“, оцени претседателот на СДСМ Филипче.

Потсети дека телохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваа команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори.

„Безбедносните служби целосно се криминализираат. За само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Влен ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или изглегува на Блаце“, рече Филипче.

Во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конректен проект или реформа во интерес на граѓаните, смета претседателот на СДСМ.

„Враќањето на оградата пред Владата, споменикот на Ќосето и задолжување на граѓаните со кредитот од Унгарија договорен во четри очи се единствените проекти на оваа Влада за сто дена. Сите парадирања и сликања на Мицкоски со најавените инвестиции се проекти на СДСМ“, истакна Филипче на прес конференцијата.

Филипче се осврна и на пожарите на 10% од територијата на државата и рече дека ова лето изгоре повеќе шума од последните 12 години заедно, додека Мицкоски крајно неодговорно велеше дека ќе се средело се два до три дена.

„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национали координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“, оценува претседателот на СДСМ.

Оваа состојба Филипче ја смета за брутална партизаиција на главните органи на државата и дека тоа е најава за огромен криминал преку овие институции.

„За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил система за партиски заслуги“, нагласи Венко Филипче.

Во првите месеци добивме и одговор на клучното прашање, а тоа дали вистина ДУИ замина во опозизиција, рече претседателот на СДСМ.

„Вистната е дека ВМРО-ДПМНЕ има изгласано повеќе закони заедно со ДУИ отколку со ВЛЕН. Реалноста е дека додека дење се обвинуваат за дестабилизација на државата, ноќе во Мала Речица прават договори како да се гласа во Собранието. Тајните политички сојузи и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ остануваат единствена одлика на оваа партија“, оценува Филипче.

За сто дена, рече претседателот на опозициската партија, СДСМ објави неброени докази и скандали за корумпираноста на кадрите во Владата во кои спаѓаат подароците вредни 320.000 евра за генралниот секретар, картели за јавни набавки на министерката за енергетика, луксузирања на државна сметка со бизнис карти за министрите кои се кријат од јавноста.

„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, посочи Филипче.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше Македонија ќе биде повторно ваша, но добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна.

„Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда и очигледно е дека државата оди во погрешна насока“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ се осврна и на состојбите во партијата за којашто рече дека се консолидира како единствена и кредибилна опозиција на актуелната власт.

„Имаше грешки, но никогаш не направивме грешки во однос на стратешките интереси на државата и граѓаните. СДСМ 3 децении се бори за европска Македонија и ние сме подготвени директно да се соочиме со валстаи да се спротивставиме на сите погрешни политики“, рече Филипче.

Тој потенцираше дека СДСМ никогаш нема да потклекнеме во спроведувањето на трите приоритетни политики на партијата.

„Една од тие политики е евроинтеграцијата на земјата и нема да дозволиме државата да биде претворена во тажна изолирана периферија на Европа. Нема да дозволиме продуцирање на нова сиромаштија. Системот за раст на платите што го воведе СДСМ наме да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го претвори во алатка за уцена. Нема да дозволиме такво нешто ниту со политиките за социјална заштита“, порача Филипче.

Грижата за добри меѓуетнички односи, како наша трета политика, рече претседателот на СДСМ, е основа за стабилен политички систем и СДСМ нема да дозволи да оживее национализнмот како последно задсолниште на криминалот.

„СДСМ отсекогаш била партија на прогресивни политики, на правда за сите, а не само за дел од граѓаните, партија на социјална правда, пријател во регионот и во светот. Ние сме тука за да создадеме држва на доверба, а не на поделби“, истакна Филипче и додаде дека СДСМ е уверена дека може зедно со граѓаните да се избори за овие вредности зашто визијата на СДСМ е визија на мниозинството на граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен