На клиниката за Токсикологија е хоспитализиран и еден пожарникар од шесте лица кои побарале помош поради вдишан чад во пожарот во висококатница во Чаир.
Иако пожарот избувнал во 2 часот по полноќ, Противпожарната единица на Град Скопје се уште ги извлекува станарите, горел магацин, а гореле и дуќани.
Поради густиот чад станарите не може да се евакуираат од влезната врата на зградата, па тоа во моментов тоа се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.