Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започнува објавувањето на добитниците на Нобеловата награда, денеска за медицина

Денеска, според традицијата за објавување на добитниците на Нобеловата награда, ќе биде објавен добитникот на ова признание за медицина и физиологија.

Имињата на добитниците на Нобеловата награда во останатите дизциплини ќе бидат објавувани последователно 14 октомври, кога ќе биде соопштено кој ќе биде добитникот на ова признание ви економијата.

Името на добитникот на наградата за физика ќе се соопшти на 8 октомври, а за хемија ќе биде познато на 9 октомври.

Ден подоцна ќе биде објавен и добитникот на Нобеловата награда за литература, исто така во Стокхолм. 

Нобеловата награда за мир, која како единствена од признанијата се доделува во Осло, Норвешка, ќе се знае на 11 октомври.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново