Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Да се прикаже Холандија како „апсурдна и морално проблематична“, една од целите на дезинформациите, вклучени и извори од Македонија

Штетните странски наративи на Балканот ја таргетираат Европската Унија  во целина, но и држави членки за кои однапред се подготвени различни критички дезинформации. Холандија не е исклучок од ова правило, кое се остварува преку портретирање на оваа држава со различни омаловажувачки тонови, се вели во најновата анализа на Вистиномер. 

Тие се насочени кон понижување на холандското општество и неговите либерални вредности, со цел да се претстави Холандија како „апсурдна и морално нестабилна“ и како „лош играч во меѓународната заедница“. Истовремено, Кралството се портретира како „чудно општество“, а тоа е многу слично со планот на Кремљ да се портретира Европската Унија во целина како декадентно, девијантно место со дегенерирани норми, за разлика од, нели, традиционалните вредности што се почитувале во Русија.

Во овој контекст во Северна Македонија се забележуваат и лица што манипулираат со изјави на холандски политичари, за на граѓаните да им претстават извртена верзија од она што навистина холандските политичари го изјавиле. Таа извртена верзија што доаѓа до македонската публика, многу често ѝ оди во полза на Русија.

Анализата што „Вистиномер“ ја спроведе за штетните странски влијанија, чиј таргет е Холандија на социјалните мрежи во Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, покажува преплетување на исти или слични дезинформации кои се појавуваат во сите држави или истовремено или со мало задоцнување. Се работи за спорадични објави, без огромна фреквентност или интензитет, меѓутоа со конзистентно слични тонови.

Ваквите објави се фокусирани кон претставување на холандското општество и неговите либерални вредности како хаотична средина во која сè е дозволено. На тој попис од дезинформации се неконтролираната евтаназија, дури и на мали деца; енормниот наплив на мигранти – спонзориран од левичарската и еврејската елита – кои многу скоро ќе господарат со земјата; климатската транзиција која преку инсистирањето на еколошки и обновливи извори на енергија сака да го изгладни населението; злоупотребата на украинскиот народ како „топовско месо“ во конфликтот со Русија; теориите на заговори поврзани со ковид 19 и вакцинацијата, која наводно не била спроведувана во Холандија…

Целта е да се претстави Холандија како „апсурдна и морално нестабилна“ и како „лош играч во меѓународната заедница“. Истовремено, Кралството се портретира како „чудно општество“, а тоа е многу слично со планот на Кремљ да се портретира Европската Унија во целина како декадентно, девијантно место со дегенерирани норми, за разлика од, нели, традиционалните вредности што се почитувале во Русија.

Профилите на социјалните мрежи што ги шират овие конструкции, многу често се изразуваат позитивно за политиките на Кремљ, но, исто така, се претставуваат и како приврзаници на движењето и теоријата на заговор Кју Анон.

Ова е линкот до целата анализа на Вистиномер

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново