Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Синдикатите не се по мерка на Мицкоски, биле политизирани

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва остро го критикуваше Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), нарекувајќи го политички инструиран. Изрази незадоволство што синдикатот веднаш започнал со критики кон Владата, без да почека и да се отвори простор за дијалог.

„Претседателот на ССМ на сомнителен начин ја презеде функцијата и веднаш започна со напади за зголемување на платите, без претходно да побара состанок или да се консултира со Владата,“ рече Мицкоски за време на дебатата на МРТ1.

Мицкоски уште обвини и дека претседателот на ССМ Слободан Трендафилов „на сомнителен начин“ дошол на функцијата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, минатата недела јавно изјави дека Владата не го исполнила ветувањето за покачување на минималната плата на 450 евра во првите сто дена, што ја оставило минималната плата на неприфатливо ниско ниво од 22.567 денари. Трендафилов истакна дека оваа сума не е доволна да покрие основни животни трошоци, при што, според него, за покривање на основните потреби на едно домаќинство се потребни три минимални плати.

Трендафилов дополнително изрази фрустрација заради неуспехот на Владата да одржи состанок на Економско-социјалниот совет, кој би разговарал за зголемување на минималната плата, нагласувајќи дека работодавачите кои исплаќаат под минималната плата се вклучени во кривично дело.

Зачлени се на нашиот е-билтен