Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Латвија била клучната лабораторија за синтетичка дрога во Европа, Интерпол и националната полиција ја „растуриле“

Полицијата во Латвија во соработка со Европол демонтирала голема илегална лабораторија во земјата, која била клучна локација за производство на синтетичка дрога во Европа.

За време на акцијата, на почетокот на октомври биле извршени рации низ цела Латвија и притоа се уапсени осум лица осомничени за вмешаност во производство на наркотици.

Како што се наведува во соопштението на Европол, меѓу уапсените има и клучни личности на криминална организација.

Како поддршка на латвиските власти, Европол го распореди својот тим за тактичка демонтажа на лабораторија во градот Алуксне, во близина на руската граница, за да помогне во отстранувањето на лабораторијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново