Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје


Започнувајќи ја својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е во Албанија, во четвроток доаѓа во Северна Македонија, потоа Босна и Херцеговина, а завршува Со Црна Гора, Србија и Косово.

Ова е запишанов во календарот објавен на веб-страницата на Европската комисија.

Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Потоа, ќе отпатува Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави од каде ќе замине во Србија на состанок со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а на крај во Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново