Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија ќе ги донира хеликоптерите „Ми-24“ на Украина

Фото: АРСМ

Македонските „Ми – 24“ од руско производство, кои земјава ги набави во 2001-та година, ќе бидат донирани на Украина. Владата доцна синоќа ја разгледа информацијата и ја усвои потребата од склучување на протокол со украинското Министерство за надворешни работи за донирање на македонските воздухоплови.

Од Министерството за одбрана велат дека за хеликоптерите од типот „Ми-24“ уште пред осум години, се потрошени ресурсите, односно не се користат поради недостиг на резервни делови, но сметаат дека Украина има капацитет да ги стави во функција и истите да ги користи за потребите на украинската армија за изведување различен вид операции и борбени активности.

Од друга страна, македонското Министерство за одбрана има намера да набави нови повеќенаменски хеликоптери и тие ќе имаат првенствено транспортна, а не борбена улога. Според дел од информациите, досега се стигнати пет понуди од различни држави и компании, а во моментов евалуација прави Интегриран проектен тим кој во април треба да достави извештај до ресорното министерство.

Зачлени се на нашиот е-билтен