Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи ги повика нациите да го признаат Косово; средба Курти-Вучиќ во април; Рама ветува покачување на пензии и просечна плата пред избори

Вјоса Османи

Косовската претседателка Вјоса Османи за време на самитот за демократија во организација на Белата куќа, во својот говор меѓу другото им порача на сите пријателски нации да го признаат Косово, Курти најави дека следната средба со Вучиќ ќе се одржи веќе во април, во Косово поскапува електричната енергија.

Во продолжение изборот од  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од денешните теми во албанските медиуми во регионот, за денешното издание не АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

„Признајте го Косово!“ Повик на Вјоса Османи од Самитот на Белата куќа

„И денес, сакам да ја искористам оваа прилика да ги повикам пријателските нации ширум светот да застанат со Косово денес и оние кои сè уште не го признале нашето државјанство и нашите демократски институции да се приклучат на мнозинството нации во светот и да го сторат тоа. “, порача  претседателката на Косово Вјоса Османи за време на самитот за демократија што виртуелно го одржа Белата Куќа.“, пренесе ТВ21.

Бота сот: Премиерот Курти потврди дека следната средба на високо ниво со Вучиќ ќе се одржи во април

Косовскиот премиер Албин Курти потврди дека следната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се одржи во април, во изјава во емисијата Дебата плус, додавајќи дека прво ќе се одржи средба меѓу главните преговарачи.

„Ќе се сретнеме во април, прво ќе се сретнат главните преговарачи, а потоа на високо ниво.Таму ќе разговараме за спроведување на договорот“, рече меѓу другото Курти, пренесе косовскиот дневник Бота сот.

 Репортери: Денеска се очекува поскапување цената на струјата во Косово

„Управниот одбор на Регулаторната канцеларија за енергетика  денеска ќе заседава на седница  која се очекува да биде одобрено поскапувањето на струјата од 15 проценти. Третата седница на УО има седум точки на дневен ред.

Регулаторната комисија  на 23 март донесе одлука за поскапување на струјата. Оваа одлука се очекува да стапи во сила од 1 април годинава и да продолжи до март следната година.“, пренесе косовскиот портал Репортери.

АЛБАНИЈА

Шекули: Рама ја отвора торбата еден месец пред избори, дава 5.000 леки на пензионерите и ветува зголемување на просечната плата

„Албанскиот премиер  Еди Рама на  еден месец пред локалните избори на 14 мај вети зголемување на просечната плата, а зборуваше за цифра од 900 евра.“, пренесе албанскиот медиум Шекули

Клан: 152 пријави за изборите од 25 април 2021 година во Албанија

„Дел од кривичните постапки поврзани со изборните прашања од 25 април 2021 година се уште не добиле одговор од СПАК, иако поминаа 2 години, а земјата е во пресрет на локалните избори на 14 мај. Според годишниот извештај на Специјалното обвинителство, до оваа институција се поднесени 152 пријави од политички субјекти во однос на пратениците од 25 април 2021 година.

Тужбите главно се однесуваат на купопродажба на гласови. Инспекторите одлучија да регистрираат како кривична постапка само 66 случаи, за кои се надеваа дека ќе обезбедат докази. Но, во текот на две години до судот се доставени само 5 досиеја и 7 лица се пред правдата за изборен криминал. Предметите се во постапка на одлучување на двете нивоа и се уште нема конечна одлука.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Ниту непријателот немаше да знае вака да ги уништи виталните институции на државата

„Државното обвинителство, без главен обвинител;

Врховен суд, без претседател;

Централна банка, без гувернер;

Доверба без одбор;

Кабинетот на премиерот, без секретар;

90% од министерствата без секретари;

95% од Агенциите, без началници…

За верба, непријателот вака да се трудеше да ги уништи виталните институции на државата, ќе требаше да се борите и да не дозволите  да се почувствува такво уништување.“, извадок од колумната „Ниту непријателот немаше да знае вака да ги уништи виталните институции на државата“, од косовскиот автор Хајзер Салиху, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново