Иницијатива за зголемување на цената на изминатиот километар кај приватните превозници поднесе советничката од Алијанса на Албанците, Макфире Исени до Советот на Град Скопје.
Причина за ова е потребата за подобрување на јавниот градски превоз во градот бидејќи досегашната цена не е сменета од 2015 година и изнесува 69 денари за изминат километар, додека цената на нафтата е 67 денари.
– Надоместокот не смее да го надмине износот потребен за покривање на трошоците настанати при вршење на дејноста (просечни вредности на трошоците за гориво, мазиво, гуми, одржување и поправки), реални трошоци – временски зависни трошоци (амортизација, осигурување и регистрација) и бруто-плата на вработените, плус добивка – се наведува во иницијативата.
Дополнителна причина се поголемата инфлација, растот на платите, резервните делови како и цената на гориовото.
Во иницијативата се вели дека доколку се зголеми цената, тие ќе можат да направат обнова на возниот парк кај приватните превозници, па автобусите со еуро 2 стандард да бидат заменети со понови, еколошки автобуси со минимум еуро 5 стандард, кои задолжително ќе поседуваат клими.