Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Коцевски: Обвинителството ги осудува притисоците кон новинарите

Државениот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на одбележувањето на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември, рече дека обвинителството ги презема сите мерки за расчистување на случаите и рече дека ја осудува секоја форма на притисок кон новинарите. 

– Ја осудувам секоја постапка со која новинарите се предмет на незаконско следење и снимање. Јавно ја осудувам и секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите и влијание врз нивната работа. Таков однос кон новинарите е и ќе биде недозволен додека јас сум државен јавен обвинител. Сакам јавноста да знае дека приоритет на јавното обвинителство е заштитата на јавниот интерес и правата и слободите на граѓаните и затоа јас како државен обвинител ниту одобрувам, ниту толерирам притисоци и закани, без оглед од кого и да доаѓаат и сум одлучен да ги преземам сите законски мерки со кои моите вербални заложби ќе се покажат на дело, рече тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен