Претседателот на ССНМ, Павле Беловски, по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември, рече дека има многу простор за работа во делот со безбедноста на новинарите, и дека најнебезбедни услови за работа има во онлајн медиумите.
– Загрижуваат вербалните напади, навредите, омаловажувањата, особено преку социјалните мрежи, кои воопшто не се наивни и не смее да се сметаат за безопасни. Дури 45 проценти од новинарите доживеале некакви омаловажувања или дискредитација, а 25 проценти некаков тип на закани и заплашувања. Исто така, интересен е и податокот дека на прашањето дали по нападот добиле некаква поддршка од државните институции само 14 проценти одговориле позитивно. Овој податок ни укажува дека постои уште многу празен простор за дополнителна работа и соработка помеѓу соодветните државни институции и новинарските организации со цел подобрување и на комуникацијата и на одговорите и адресирањето на нападите врз новинарите, истакна Беловски.