Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Целакоска за „Парадоксот Мицкоски“ – Сака да биде страна во процесот, а одбива да учествува

Колумнистката на Рацин.мк и аналитичарка на актуелните политички процеси во земјата Емилија Целакоска, направи длабинска анализа на некои поенти од интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од 31 јули оваа година во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Вивисекцијата на Целакоска ги открива сите некохерентности во ставовите на Мицкоски, криво насадени принципи пред странските дипломати и неоснованите аргументи, до апсурдните ставови дека Македонија треба да бара докази и гаранции и да поставува услови за нејзиниот прием во ЕУ.  

Анализата на Емилија Целакоска ви ја пренесуваме во целост:

Откако на интервјуто на Алфа, двајцата водители и Мицкоски ни објаснија што НЕ Е добро (не е добро физичка пресметка, не е добро кршење на институциите, итн.) – на истиот начин како од детскиот виц „Немој да мислиш на розов слон”, некако се подразбираше дека ќе се фрлат на објаснување колку многу демократско е ВМРО-ДПМНЕ. Односно, после суптилната заканичка за кршења, т.е. дека знаат и за стапче, се подразбираше дека ќе зборуваат за морковче. Но, Мицкоски, пак дивергираше… Неочекувано изведуваше и изведуваше равенка и на крај, кога му излезе дека всушност ја фали Владата, туц, муц, ја избриша таблата и Момировски го врати на колосек. Ова е моментот:

Мицкоски: „Да, порано постоеле и Шатев, и Кирков, и Солунски атентатори, но тоа било во тоа време. И кој е резултатот од сето тоа? Македонската нација е последно формирана на Балканот и македонската држава е последна формирана на Балканот. Значи треба нешто повеќе да имате. Да точно е тие први направиле нешто што човештвото до тогаш не го видело, точно е тоа.

И многу работи можеби што нашата македонска внатрешна револуционерна организација го направила тоа, но ајде ефектите да ги гледаме. Јас сакам да ги гледаме ефектите.

Затоа треба да бидеме многу внимателни и само со ум.

(По трет пат го става прстот на глава).

И затоа кога зборите, без разлика дали се наоѓате во Брисел, Париз, Берлин… Мускули тие не признаваат, појаки се од вас. Само аргументи. Само аргументи! Само методологија. Појаки се од вас! Што можете вие против нив? Во која смисла можете вие да им се спротивставите на нив? Појаки се милијарда пати од вас!

Ако имате аргументи, ако имате јасна стратегија и план, тогаш сте добродојден соговорник. А во спротивно…?! Нека си… тераат… овие што се та… таа.. таа им е задачата… Тоа не треба нас да нѐ… Како беше онаа на Черчил… Ако се вртиме по секое куче што лае нема да стигнеме на целта.”

Потоа Момировски го врати на колосек со прашање за средбите со странските дипломати. Одговорот беше „ѕвезден”! Но, понатаму за тоа.

Од ова, Мицкоски покажува презир кон делата на ВМРО од минатото и изгледа како да знае што е паметно да се направи сега. И покрај смешното ставање прст на главата три пати, кога ќе каже „ум”. Како да жали до страшна болка што тој не е на преговарачкото столче, што не е тој кој ќе ја има славата за продолжување на преговорите со ЕУ.  Како да ѝ порачува на Владата да не обраќа внимание на лаењата на ВМРО-ДПМНЕ, туку да ја брка работата.

За Мицкоски странските дипломати се апсолутисти и се однесуваат недипломатски

На 42:07 минута од емисијата Момировски го потсети  Мицкоски дека последниве 3-4 месеци се сретнал со многу дипломати. Го прашува: „Кога велите аргументи бараат, како се одвиваат тие состаноци со нив? Тие велат – слушајте, ние имаме интерес Македонија да го смени Уставот, да продолжите таму-ваму… Што велите вие и како реагираат?”

Одговорот на Мицкоски е дека тоа што тие дипломати го нудат е ултиматум и ги нарекува апсолутисти. Па зошто немал повеќе опции, па само понуда на повеќе опции било демократија!

Па добро, сега, нели пред две минути претходно рече дека тие се „милијарда пати појаки”. И дека мора со ум и аргументи. Каде е умот, кои се аргументите?

И – повеќе опции? Небаре ни се нуди ЕУ на тендер, како да треба чешми да смениме во цела фирма Македонија, па сега – да видиме повеќе опции!

Веднаш потоа ги критикува дипломатите дека заради тоа, нивното однесување било недипломатско! Уште повеќе што тој се понудил во креирањето на таа опција, но бил одбиен – вели.

Но, до пред месец-два се сеќавам, беа молени да останат во процесот, оти сенешто нејќеа… Има записи, написи, лесно се гледа тоа. Па уште од почетокот рекоа НЕ, така? Маиците не ги фрлија, не ги запалија онака, симболично, за да искажат волја за конструктивно учество, уште си ги носат. Сега, ем НЕ, ем – сакавме да учествуваме?! До таа мера се молени да останат во процесот и да им се дадат сите лижавчиња, фустанчиња, рингишили и условни оставки на ДУИ, а тие потајно – само сакале да учествуваат?! Ајде де.

ВМРО-ДПМНЕ досега покажаа големо незнаење и до ден-денес не ја разбираат Рамката ниту го  разбираат Протоколот, односно играат на таа карта – дека Бугарија ќе нѐ блокирала заради историјата. Па зошто вчера министерот за надворешни, Бујар Османи се мачеше на табла да објаснува како на мали деца. Затоа што цело време однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ беше како градинка.

Желбите тотално им излегуваа надвор од секаква преговарачка смисла. Имаш спроти тебе некој што ти поставил претходно ужасни услови (Објаснувачкиот меморандум на Бугарија), но тие услови со тешки маки се отстранети, а ти сега бараш да ги „покориш” Бугарите со тоа – тие да признаат нешто? (пресуди, малцинство…) Па ни дете од градинка не „преговара” така глупаво, си ја разбира силата. Ама тантрумов продолжува. Вели, дипломатите доаѓале тука со talking points – пораки коишто ги добивале од своите МНРа и амбасади и

44:40, Мицкоски: „… кои не секогаш имаат вистинска па слика, немале можност да разговараат со нас и така натаму, разговарале со владини претставници и еднострано добиваат брифинзи. “

Чекај бе, зошто формираш уште една страна?! Што е тоа „еднострано”? Каква страна си ти кога ТИ одбиваш да учествуваш?

ВМРО-ДПМНЕ досега покажаа големо незнаење и до ден-денес не ја разбираат Рамката ниту го  разбираат Протоколот, односно играат на таа карта – дека Бугарија ќе нѐ блокирала заради историјата. Па зошто вчера министерот за надворешни, Бујар Османи се мачеше на табла да објаснува како на мали деца. Затоа што цело време однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ беше како градинка.

Според Мицкоски, странските дипломати и пријатели на Македонија имале лични интереси

„И,” продолжува Мицкоски, „врз основа на тие брифинзи тие зборуваат. И сега, кога ќе му дадете вие аргумент на секоја негова теза, а во принцип се три тези: прозорецот е отворен, сега е моментумот и ќе го испуштите возот, тоа се отприлика… Да, (му се промешува водителот со „пет минути до дванаесет”), тогаш е веќе сосема поинаква работата и не треба да им се лутиме на нив, зошто тие не ги следат тие лични, сопствени интереси.” 

Какви лични, какви сопствени интереси на странските дипломати?!

„Можеме да им се лутиме за … ” – и  набројува „вештачки неправди” како што ги нарекува спорот со името, а сега и идентитетот, повикувајќи се на Копенхагеншките критериуми. Би било тука убаво да објасни, ама дебело да објасни тогаш, зошто ВМРО-ДПМНЕ повторно беше пречка и за 2/3 за НАТО (за името), зошто тогаш не аплаудираше туку се зезаше со пантолоните во Собранието.

И така, стигнува до тоа дека бирократите од Брисел не се фер, тој е разочаран од нив, посебно од оние од бившиот Источен блок, па и со опомена до дипломатот од Словачка, дома му така да си зборува, не нему, на Мицкоски. Тој ги барал истите услови што Словачка ги имала за ЕУ.

Што збори човеков. Абе тоа ли е силниот ум и аргумент?! Па три пати го ставаше прстот на глава, ама изгледа промаши каде му е умот?! Вели „ЈАС две години правам отстапки”. Не се обидува да е смешен, но ова е некоја шизната промена на личниот идентитет. И 5 минути претходно, тој се ставаше во улога како тој да е преговарачот, ама одеднаш се сети дека други ги водат тие работи, па заврши со поговорката на Черчил!

На 47:10 конечно си кажува дека тој на дипломатите им пренесувал – емоција. Не аргумент. Не со ум. А какво е ВМРО ДПМНЕ со емоциите – видовме – нејќел да ги обвинува тие што сакале да влезат и кршат институции…

И лизнува на законите со европски знаменца, пасоши и пак обвинителството.

Така, не би требало ова да се вика ни „пледоаје” ни „иден премиер” како што насловил Љупчо Поповски, па макар и на зезанција. Наивно е од овие муабети и нарачаните анкети, од пропагандата во круг со тие 85% да се заклучи било што сериозно како предвидување.

Но, може да се заклучи дека Мицкоски се додворува и на умерените и на неумерените луѓе одеднаш, што значи, сфаќа дека – ако го упати ВМРО-ДПМНЕ да гласа за продолжување во ЕУ, ќе изгуби едни гласови, а ако остане на НЕ – ќе изгуби други гласови.

Свеста дека се „милијарда пати посилни”, дека требаат аргументи (иако има можности да тера само споделување емоција, како и да ја разбира во сите погрешности од таа област) и дека ЕУ ќе се помести на десно т.е. ќе се затвори за проширување – ја има. Оваа опуштеност на интервјуто, можеби е поинформативна од други пати…

Нешто смислил, ама не го споделува тоа, нормално. Се надевам не е во тотална заблуда, бидејќи не покажува кохерентност и доволно искреност. Дури и со напливи како во 33:45, „колку човек далеку да оди, дали вреди ова…”.

*
Во прилог видеото од интервјуто на Мицкоски за ТВ Алфа:

Објавите на анализата на Емилија Целакоска на Фејсбук:

Треба да знаете
Moже да ве интересира