Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фрчкоски во „Политиканти“: Светот запаѓа во нова блоковска поделба во која жртва се човековите права

Гостин во новото издание на Политиканти е амбасадорот на РС Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски со кого домаќините на подкастот, Сашо Ордановски и Борјан Јовановски разговараа за состојбите на меѓународната политичка сцена, а не на домашни теми со оглед на неговата функција.

Меѓународната политичка сцена делува доста хаотично, а во центарот на тие случувања се Обединетите нации.

– Со две војни, со агресивната војна на Русија во Украина овде е настанат шок. Цела година не можат да се изнесат со тоа како една земја од петте постојани членки на Советот за безбедност отворено ги крши клучните одредби од Повелбата, а и понатаму се однесува како ништо да се случило, продолжува да биде членка, да поднесува резолуции, да кандидира членови. Имаше еден шок, кој се протегнува веќе втора година – вели за Политиканти амбасадорот Фрчкоски.

Тој додава дека во ООН не знаат веќе како да се однесуваат откако се обидоа со силни резолуции, бидејќи Советот за безбедност е блокиран поради руското вето и таму веќе речиси ништо не може да се направи освен што се дебатира. Фрчкоски додава дека Генералното собрание на ООН ја компензира оваа блокада со некакви резолуции и дека постои мобилност на 140 земји кои ја осудуваат Русија поради оваа агресија. Но, појаснува Фрчкоски, резолуциите на ГС на ОН се необврзни и со нив не може да се направи ништо ефективно.

Целото интервју со амбасадорот Љубомир Фрчковски погледнете го во продолжение:

Преземно од Слободен пачат

Треба да знаете
Moже да ве интересира