Кој е вистинска левица?

Говорот на Ковачевски во седиштето на Италијанската социјалистичката партија до контраст ја доведе сликата за тоа која партија во Македонија е вистинска левица. Кој со кого седи на масата на европските левичари и социјалисти и која партија застапува автентични социјални политики и социјална правда.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Посетата на Рим, на претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, заедно со попретседателката на партијата и министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и  секретарот за меѓународна соработка на македонските социјал-демократи и прв вицепремиер, задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, за да учествуваат на конференцијата на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во пресрет на изборите за Европскиот парламент, отвори прашања за тоа кој во Северна Македонија е вистинска левица. Не „Левица“, туку која партија, во нашата земја, всушност, се препознава како левица и која партија како таква се препознава и се легитимира во Европа.

На ова прашање се надоврзува уште едно, кое особено доаѓа до израз, откако во рамките на посетата на Рим, претседателот Димитар Ковачевски беше поканет да се обрати пред највисоките претставници на Италијанската социјалистичка партија и на Италијанската демократска партија.

Италијанската социјалистичката партија е најстарата левичарска партија во Италија, создадена уште во 1896. Партија докажан борец за работнички права и партија за која зе врзува песната „Бандиера Роса“ (Bandiera Rossa), симболот на италијанското работничко движење и на социјалистите и комунистите од 1908 година. Но, и модерна партија која денеска се препознава и по застапување на европските вредности и за социјална правда во Европската Унија.

Говорот на Ковачевски во седиштето на Италијанската социјалистичката партија до контраст ја доведе сликата за тоа која партија во Македонија е вистинска левица. Кој со кого седи на масата на европските левичари и социјалисти.

Левица“ се поклони на гробот на Енвер Хоџа

Од внимателниот преглед на меѓународните активности на „Левица“, достапни на нивната веб сгтраница, од октомври 2015, кога е основана партијатам меѓу највисоките дострели на оваа партија на меѓународен план се протоколарните средби на пратениците Апасиев и Крмов со дел од амбасадорите во Македонија, една средба на еден од президиумот со Комунистичката партија на Австрија, и неколку учества на членови на партијата на така наречените анти-империјалистички форуми.  

Додека од партијата „Левица“ се бореа да соберат потписи за кандидатурата на Ванковска, Ковачевски и дел од врвот на СДСМ, освен средбите во Италијанската социјалистичка партија, имаа средба со повеќемина лидери на социјалдемократските, социјалистичките и други демократски партии од Европа, обединети во Партијата на социјалистите (ПЕС) и претставени во Европскиот Парламент. Меѓу нив, освен претседатели на партии, има и актуелни премиери на држави и министри, европратеници и пратеници во националните парламенти.

Во Рим, на состанокот на претседателството на ПЕС, во кое седат двајца високи членови на раководството на СДСМ, Шекеринска и Маричиќ, македонската делегација учествуваше во подготовките за изборите за Европскиот парламент.

На овој состанок, како и во низата претходни, претставниците на СДСМ, Ковачевски и попретседателката на партијата Бисера Костадиновска-Стојчевска и секретарот за меѓународна соработка на македонските социјал-демократи Бојан Маричиќ го дадоа својот придонес за слободна, фер и безбедна демократска Европа. Европа како сила која ги гарантира правата за сите со силен стремеж за социјална правда, за феминистичка и инклузивна Европа заснована на универзални човекови права.

За разлика од протоколарните средби на Апасиев со дел амбасадорите во нашата земја, Ковачевски за само два дена ќе се сретне со премиерката на Данска Мете Фредериксен, со премиерот на Шоанија Педро Санчез и со канцеларот на СР Германија Олаф Шолц.

Контрастот за тоа кој застапува социјал-демократски политики од левиот политички спектар е јасен и на домашната политичка сцена за многу конкретни придобивки.

Додека Левица го вандализираше Собранието, СДСМ и Ковачевски постојано и во континуитет работеа на системско остварување на принципите на социјалната правда. Фактите и вистината за минималната плата го потврдуваат тоа. Со добрите системски решенија на СДСМ во 2024 година минималната плата достигна до 22500 за разлика од 9000 денари во 2016 година.

Додека Левица и Апасиев се поклонуваа на гробот на Енвер Хоџа, нарачателот на ликвидацијата и на затворањето на стотици илјади Албанци, СДСМ спроведуваше политики на јакнење на стандардот на работниците. Платите во различни дејности во јавниот сектор се покачени од 41% до 86%.

Додека „Левица“ го злоупотребува собранискиот форум за да покажува среден прст, СДСМ и Ковачевски за дваипол пати ја зголемија гарантираната минимална помош за ранливите семејства. Сега таа изнесува 16361 денар, за разлика од 2016 година изнесуваше 7022 денари. Дополнително, социјално ранливата категорија на граѓани имаат и палета на други права и услуги од социјална и детска заштита.

Би можело да се набројува уште, но, од сето ова, може да се заклучи дека меѓународниот рејтинг на „Левица“ е последица, всушност, на нивната политичка нерелевантност во која тонат сѐ подлабоко. На самоизолацијата на која си се осудија самите себеси заради регресивните политики за кои е невозможно да најдат партнери и поширока поддршка.

Оттаму, не им преостанува ништо друго освен хистеријата на политичката сцена соочени со фактот дека единствени соговорници им се идеолошки ментори од Русија и Кина, и тоа на многу ниско ниво. На контакти со овие земји од третиот или четвриот ешалон, и тоа ако имаат среќа. Тоа, пак, апсолутно не поминува во нашата земја и покрај сите напори тоа да биде поинаку.

Треба да знаете
Moже да ве интересира