Како обидите да се спречи зголемување на функционерските плати добија сосема поинакво значење?
„Ќе сменат шест закони за да си ги задржат високите плати“, гласи насловот на Слободен печат (објавен на 28.02.2024). Насловот е манипулативен. Зошто?
Претходно, пратениците на СДСМ, при поднесувањето на законските измени истакнаа дека целта е: да се спречи зголемувањето на функционерските плати, кои беа зголемени за 78 проценти во март минатата година, што беше последица од одлуката на Уставниот суд кој ја укина фиксната основица и на тој начин обезбеди автоматско покачување на платите на дел од функционерите.
Од споменатиот наслов не може да се добие информацијата дека, доколку не беа усвоени законските измени, платите на 1.060 избрани и именувани лица (пратеници, министри, судии, градоначалници и други) ќе беа зголемени за 300 до 400 евра, за разлика од сега кога функционерите ќе добијат минимално зголемување до 500 до 2.000 денари, откако пратениците – и од власта и од опозицијата – едногласно ги донесоа законите за намалување на коефициентите за пресметка на платите.
Претходно истиот медиум објави уште еден манипулативен наслов: „Платите на функционерите ќе се зголемат до 200 евра, законските измени нема да ги намалат, а ќе им остане и ланското зголемување од 78 отсто“.
Сепак, потоа е коригиран насловот во: „Платите на функционерите минимално ќе се зголемат, законските измени нема да ги намалат, а ќе им останат и 78-те отсто“. Сепак, пермалинкот остана со првичниот наслов.
Истиот текст од Слободен печат со наслов: „Платите на функционерите ќе се зголемат до 200 евра, законските измени нема да ги намалат, а ќе им остане и ланското зголемување од 78 отсто“, го пренесе Инфомакс, и сè уште стои на нивниот сајт со истиот наслов.
Манипулативни се и насловите на Фактор: „Платите на функционерите ќе скокнат за плус 400 евра“; Република и Вести.мк (кои го избришале текстот, но тој стои во пребарувачот на Гугл): „Растат платите на функционерите!“; 24.мк: „Покачување на функционерските плати за уште 400 евра“; Плусинфо: „ДОБИЈА ПОКАЧУВАЊЕ ОД 78%, СЕГА ПЛАЧАТ ЗА УШТЕ 15% Платите на функционерите ќе замрзнат ама со вклученото зголемување“ и други.
1 of 5
-+
Некои од нив подоцна објавуваат нови текстови со наслови кои се поблиски до фактите, но не ги информираа своите читатели за претходните недостатоци во насловите.
Вицепремеирот Фатмир Битиќи, нагласи дека вака предложените измени се најдоброто решение во моментов, бидејќи досега неколку пати се дискутирало и се предлагаа решенија, но нема согласност од сите министри за намалување на нивните плати. Според него потребна е целосно нова методологија.
ЦИВИЛ Мониторинг тим