Мерката за замрзнување на цените дава резултати, се намалува инфлацијата

Со ограничувањето на цените на одредени продукти, мерка која ја носи Владата изминативе неколку месеци, се стави крај на дивеењето на цените низ маркетите и истите почнаа да се намалуваат на некои производи.

Минатиот месец, Владата по предлог од Министерството за економија одлучи да ја продолжи мерката „гарантирана цена на прехранбените производи“ до 29 февруари. Тоа значи дека лебот, брашното, оризот, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни производи ќе имаат ограничени цени до крајот на овој месец.

Експертите велат дека ограничувањето на цената на храната е добра одлука и дека ограничувањата треба да важат додека инфлацијата не падне под 3 проценти.

Пред една година стапката на инфлација кај храната изнесуваше 20 отсто, а сега е сведена на само 0,1 отсто кај храната.

Покрај замрзнувањето на цените, државата им помага на граѓаните и со пакетот мерки за заштита на стандардот на граѓаните, односно помошта која ја добија пензионерите, студентите, учениците…, како и со субвенционираните сметки за струја, во кои државата учествува со речиси 90 проценти. (Центар.мк)

Треба да знаете
Moже да ве интересира