Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петровски: Мицкоски е најголемата грешка на Груевски, луѓето на Орбан се како монарси, ВМРО на Ванчо Михајлов било подемократско од ДПМНЕ

„Мицкоски е најголемата грешка на Груевски. Тој не е способен да биде лидер, избран е на фалц конгрес. Тој беше кариката која беше неопходна за да се смени името на државата“, рече Филип Петровски во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека Мицкоски не бил пред Државната изборна комисија за да се бори заедно со останатите сопартијци по изборите во 2016 година.

„Јас бев таму, но не и Мицкоски. Него го немаше да се бори за подобар резултат на тие избори. Тој тогаш беше ‘голем’ директор на ЕСМ и изгледа не му се качуваше по огради“, рече Петровски.

Тој во емисијата додаде дека Мицкоски и неговата фамилија во време на студентските протести во 1997 година биле левичари и не биле склони кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушнав дека тогаш во 1997 година Мицкоски за мене зборувал дека ме мрази бидејќи сум вмровец. Подоцна се активираше и политички, како кандидат за претседател на Сојуз на студенти и тоа против ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петровски.

„Луѓето на Орбан се однесуваат како монарси. Тие кон териториите кои некогаш биле под Австро-Унгарија, односно под унгарскиот дел, се однесуваат како и денес да се под нивна надлежност“, потенцира Петровски.

Тој додаде дека за Орбан и неговите поддржувачи Босна, Србија, Бугарија, Романија, па дури и Македонија влегуваат во нивната сфера на интерес.

„Нивниот ментален склоп е ист како тој на Ердоган, како Путин – тие размислуваат империјалистички, дека тоа еднаш што им припаѓало засекогаш останува нивно“, рече Петровски.

„Ванчо Михајлов цело време бил под контрола на бугарската држава. Но, сепак ВМРО во тоа време било подемократска организација од денешното ДПМНЕ“, смета Петровски.

Тој додаде дека имало тројца во ЦК со врзани потписи, за да се спречи правење султанат од организацијата.

„Кога се правеле конгреси, месните организации делегирале делегати, вистински делегати. А не како сега, листите на делегати се прават во централата во Скопје“ рече Петровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира