Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силјановска го рекламира членството во НАТО во својата програма, а се противи на Договорот што го обезбеди членството

Гордана Силјановска Давкова како и останатите кандидати ја претстави својата програма пред гласачите.

Покрај точките што Силјановска Давкова и јавно ги искажува како заложби, во нејзината програма има еден неочекуван детал.

Имено, во програмата на Силјановска Давкова е наведено дека Македонија е кредибилна НАТО членка. Давкова слично постапува и во спотовите каде што вели дека нашата држава е почитуван НАТО сојузник, со што самата оддава признание на полноправното членство во Алијансата што беше децениска стратешка цел на државата.

Но Давкова беше еден од главните противници на Договорот што донесе членство во НАТО, односно на Преспанскиот договор. Од неговото потпишување, па се до „вчера“ Давкова и нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ беа гласни противници на Договорот од Преспа.

„Договорот од Преспа е штетен за државата“, „Ќе барам да се поништи Договорот од Преспа“, „По Договорот од Преспа сменет е идентитетот“… се само дел од ставовите на Давкова за Преспанскиот договор. (24Инфо)

Зачлени се на нашиот е-билтен