Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стара вест за обид за убиство во Гевгелија објавена како ексклузивна кај дел од порталите

Со стара вест од пред 3 години, дел од македонските портали, вчера и денес продуцираа „сензационална“ содржина, која секако ќе им биде добредојдена во борбата за кликови. За клик повеќе, професионалност и вистинитоста паѓаат во вода. Можеби и никој нема да забележи дека веста е „бајата“, секако, доколку не се „дежурните“ факт-чекери и разобличувачи на лажни вести.

Неколку македонски портали, со „ексклузивни“, „експлозивни“ наслови, ја пренесоа веста „Гевгеличанец со пиштол се обидел да убие извршител и адвокат“„Обид за убиство на адвокат и извршител ја потресе Македонија!“, „ИМ ВПЕРИЛ ПИШТОЛ: Гевгеличанец се обидел да убие адвокат и извршител со кои се сретнал за да договори како да го исплати долгот“. Дури цитираа и соопштение од Обвиинителство дека тој се борел со адвокатот, а откако му ветил дека нема да го пријави, побегнал.

Всушност, ова е стара вест, првично е објавена пред три годинии, на 2 ноември 2020.

Дел од порталите, истата вест ја имаат објавено и во 2020 година, и сега (2023), со речиси идентичен наслов и текст.

Доколку се провери страната на Јавното обвинителство, и билтените на МВР, чесно може да се забележи дека таков настан на посочениот датум не е заведен.

Ваквата вест, освен кликови, предизвика и дебата на социјалните мрежи, проследена со жолчна расправија и говор на омраза, додека истовремено предизвика вознемиреност и несигурност кај граѓаните, како и недоверба кон државните институции.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен