Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ужасен говор на омраза на социјалните мрежи: „Денес Вевчани, утре Муртино!“

Екстремен говор на омраза, лавина гнасни коментари, ситење, обид за политичко профитирање по несреќниот случај во кој животот го загуби 19 годишниот син на поранешниот пратеник, Крсто Мукоски.

Движењето „Бојкотирам“ на својот Фејбук профил објави гнасна, бедна и мизерна објава:

„Денес Вевчани, утре Муртино! Вечерва е Стара нова година со песната „Проклети да се предавниците“. Го чекаме денот кога со огномети ќе организираме забава за племето од Муртино“!

Ваквата објава предизвика низа на коментари со говор на омраза и ситење, но и изрази на осуда. Така,  профилот „Љупчо Китески“ во коментар пишува:

„Гнаса од народ и од ова се ситите“.

„Бојкотирам“ му одговорија:

„А крвта која беше пролеана за Македонија, за да дојде Мукоски и Заев да го смени името и да плука по крвта на нашите предци? Зар ако Мукоски не гласаше за промена на името, зар ќе имаше пари да му купи кола на 19-годишниот син?“

Профилот „Алекс Ацо Сашо“ на Бојкотирам им пишува:

„За Муртино ако треба да купиме Audi QS (Ќose).“

Објавата во која се ситат на смртта на синот на Муковски и во која посакуваат „Ќосе“ да им се случи на децата на Заев веќе ја нема на Фејсбук профилот на Бојкотирам.

Сега имаат нов статус во кое пишува:

„Го молевме, го проколнувавме, го предупредивме за клетвата доколку ги земе парите за промена на името. Му палевме свеќи пред домот, го колневме парите за цитостативи да си ги потроши! Детето му беше дома на 10 метри од нас. Тој не не слушаше, си зеде тендер да гради социјална зграда, зеде пари од грчкото министерство за Нарворешни работи, гласаше за промената на вековното име Македонија!!!!! Со дел од парите за промената на името му купи кола на син му! Deus Vult! (Божја волја).

Адвокатот Јанаки Митровски на својот Фејсбук профил објави дека не треба „верниците“ да се ситат на смртта на синот на Крсто Мукоски, но не се воздржа од говор на омраза, со зборовите:

„Јас Крсто би го стрелал, но неговото дете нака почива во мир, ништо не ви згрешило“!

Останува прашањето кога адвокатот Јанаки ќе го стрела Крсто, или со овој статус само поттикнува насилство кон поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој гласал за промена на името?

Говорот на омраза го коментира и Јане Ѓорѓиоски во коментар на Фронтлајн.

„Несреќниот случај во кој животот го загуби 19 годишниот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски и лавината гнасни коментари што следеа на социјалните мрежи од луѓе нелуѓе со кои за жал живееме во иста држава, на иста планета, само беа дополнети од несреќната изјава на несреќникот Мицкоски“, пишува Ѓорѓиоски.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно ги следи случаите на дезинформации и говор на омраза во медиумите и социјалните мрежи, како и во јавните настапи на политичките партии и групи.

ЦМТ

Треба да знаете
Moже да ве интересира