Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ванковска: Нов Устав без Македонци во етничка смисла, ние сега не сме конститутивен народ

Во гостувањето на Инфомакс, кандидатката на Левица за претседател Билјана Ванковска се залагаше за комплетно нов граѓански устав, каков што има Бугарија, во кој не треба да се спомнуваат Македонци во етничка смисла.

Ванковска смета дека во новиот граѓански Устав не треба да биде спомнат македонскиот народ, затоа што било смешно да се делиме на Македонци, Албанци итн.

Експликацијата на Ванковска за оваа нејзина намера започнува на 2:15:48 минутажа од видеото.

Ванковска: „Јас сум за комплет нов устав, овој е непоправлив. Комплет нов устав. Иницијатива за носење нов устав.“

Инфомакс: Каков Устав?

Ванковска: „Граѓански, We the people.“

Инфомакс: Со Македонци во него или со граѓани на Македонија?

Ванковска: „…онаа заедничка почва на која можеме да се најдеме е токму тој граѓанскиот, ама не толку во либерална смисла. Знаете, ние левичарите поише гледаме на социјалната основа. И мислам дека во едно општество во кое мнозинството е сиромашно или едвај крпи крај со крај да преживее, навистина е смешно да се делиме на Македонци, Албанци Турци, Роми, Власи, итн. Сиромашните луѓе припаѓаат на иста националност, би рекла.“

Откако Ванковска изјави дека „е смешно да делиме на Македонци, Албанци…“, домаќините од Инфомакс ја потсетија дека овој модел на устав „е единствениот официјален државен документ во светот во кој Македонците стојат како државотворен народ, дека имаат своја држава“. Ако уставот стане граѓански, тогаш…?

Ванковска одговори дека во уставот не треба да се спомнуваат Македонци во етничка смисла: „…нам ни треба Демос, односно политичка нација – Македонци, ама сфатени во политичка смисла. Разбирате? Ама не се спомнати во етничка смисла, тогаш имате уште низа барања од листава и тогаш треба да станеме телефонски именик, а не устав.“

Новинарите од Инфомакс инсистираа Ванковска да одговори „Каде ќе биде дефиниран Македонецот? Тоа е клучното…“, а ја потсетија и дека бугарската политика повикуваше дека Македонија треба да направи граѓански устав.

Ванковска: „Па, ОК, и тие имаат граѓански устав… Дали сме сега позаштитени затоа што сме ние една од заедниците? Ние сега не сме конститутивен народ, да се разбереме“, тврдеше Ванковска.

Инфомакс: „Сме, сме, сме конститутивен.“

Ванковска: „Не, не сме“.

Инфомакс: „Сме. Сите кои што се набројани“.

Иако Ванковска тврди дека Македонците не се конститутивен народ, во првата реченица од преамбулата на постојниот Устав се спомнува македонскиот, заедно со делови од другите народи:

Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите…“.

Зошто Ванковска, а и проруската Левица, која водеше кампања против изјаснување на етничките Македонци на пописот, толку сакаат да се избрише Македонскиот народ од Уставот?

Треба да знаете
Moже да ве интересира