Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте одби да поднесе оставка денес по сериозната несреќа на брзиот воз во која загинаа најмалку 69 лица, јавува Би-Би-Си. Пуенте на прес-конференција во Мадрид изјави дека „нема што да крие“.
Тој го повтори ветувањето на владата целосно да ги утврди околностите на несреќата и нагласи дека сè уште треба да се одговорат многу прашања, пренесува Ројтерс. „Мојата должност сега не е да дискутирам дали треба да останам на мојата позиција, туку да го решам проблемот“, рече министерот од владејачките социјалисти.
Пуенте се соочи со барања за оставка по несреќата во среда на железничката линија Мадрид-Севиља во покраината Толедо, јужно од шпанската престолнина. Неговата оставка ја побараа политичките противници, синдикатите и демонстрантите кои се собраа пред Министерството за транспорт во среда навечер.
Најмалку 69 лица загинаа кога воз управуван од државната компанија „Ренфе“, кој се движел со брзина помеѓу 160 и 200 километри на час, удрил во задниот дел на друг воз, кој бил во мирување. Возот за кој станува збор бил воз „Ирјо“.
Во јануари, 46 лица загинаа на истата линија.
Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денес изјави дека јавната доверба во железничката мрежа е нарушена. Тој повтори дека е „неприфатливо“ што се случиле две слични трагедии за само една година. Во јануари, 46 лица загинаа во судир на возови на истата линија Мадрид-Севиља во близина на градот Адамуз во јужна Шпанија.

