Српското обвинителство бара итна проверка на помилувањата на 49 лица од Вучиќ

Србија
EPA/MARKO DJOKOVIC

Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија побара од Министерството за правда итно да ги достави информациите и документите за помилувањето на 49 лица, за кое претходно јавно говореше Александар Вучиќ.

Обвинителството проверува на кои лица и кривични постапки се однесуваат помилувањата и дали меѓу нив има обвинети во предмети што се водат пред ова обвинителство и пред Посебното одделение на Вишиот суд во Белград.

Од Министерството е побарано да одговори дали постапките биле покренати по службена должност, без поднесено барање за помилување, согласно Законот за помилување.

Барањето ја опфаќа и целокупната преписка со кабинетот на тогашниот претседател во врска со подготовката на одлуките. Обвинителството ги бара актите на министерот за правда за покренување на постапките, неговите образложени мислења, како и документацијата и мислењата на надлежните судови и обвинителства за оправданоста на помилувањата.

Доколку Министерството не ги поседува документите, треба да објасни зошто ги нема и на кој начин биле покренати и спроведени постапките. Побарани се и самите одлуки за помилување, доколку се во негово поседување.

Проверката се спроведува врз основа на јавно достапните информации и изјавите на Вучиќ. Во соопштението не се наведени имињата на помилуваните лица, ниту заклучок дека при постапките бил прекршен законот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?