Доаѓа ли првиот македонски електричен автомобил?

Македонските
Комсове Малик

Она што пред две години, го најави македонската компанија „Комсове“ ќе започне со продажба на електрични автомобили, кои се произведуваат во Кина, ќе се појават на европскиот пазар во 2024 година, ќе се оствари оваа година најави претставник на компанијата што го контактираше хрватски Форбс..

Форбс, кој наведува дека преднарачките неодамна се отворени и дека автомобилите наводно ќе бидат достапни оваа година.

Погледот на листата на европски производители на автомобили на Википедија покажуваше дека Северна Македонија има два производители на автомобили. Едниот на листата е „Санос“, познат по производство на автобуси кои датираат од времето на поранешна Југославија, а другиот е „Комсове“ – бренд кој, според онлајн извори, е со седиште во Северна Македонија. Автомобилите наводно се произведуваат во градот Дежу во кинеската покраина Шандонг, пишува Форбс.

Форбс истакнува дека според претходната верзија на главната веб-страница на „Комсове“, нивните модели треба да се нудат во Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и некои други земји во регионот. Веб-страницата оттогаш е малку изменета и има помалку информации, а шалтерот што го објавува отворањето на преднарачките за електричниот автомобил „Комсове Мелик“ од амбициозно најавената флота.

Комсове Малик внатре

Високи цени за SUV и мини автомобил

Објавената цена за електричниот автомобил „Комсове Мелик“ SUV на веб страницата на компанијата е прилично висока во споредба со сличните од други компании и изнесува 48.950 евра, со привилегирана цена за пре-нарачка од 45.950 евра. За наведените суми, можете да добиете одлични автомобили од познати кинески производители кои веќе продаваат во регионот. Со оглед на тоа што целата содржина на веб-страницата е на англиски јазик, може да се претпостави дека Comsovе со неа ги таргетира европските купувачи.

Форбс пишива дека на интернет постои и македонска верзија на страницата каде што се отворени резервации за малиот електричен модел Comsov Firiq. Но ние не можевме да ја лоцираме, освен нешто што се појаува на Инстаграм.

Форбс пишува дека цената за резервација е 185 евра, а во случај на резервација, цената на моделот паѓа од 19.850 на 17.850 евра. Се чини дека целиот процес е одложен, со оглед на тоа што над него е напишано дека првите испораки се очекуваат во летото 2024 година. Дека целата приказна започнала таа година, потврдува и со соопштението за медиумите на англиски јазик во кое се најавува споменатиот модел таа година.

Според информациите што ги наведува Форбс, Firiq е електричен автомобил со должина од 2,85 метри, моќност на моторот од 25 kW и максимална брзина од 90 километри на час. Има литиумска батерија со капацитет од 23 киловат-часови и максимален дострел од 380 километри.

Комсове Фирик

Сомнителни детали

Претставникот на Comsova, Кан Џеладин, по телефон изјавил за Forbes Hrvatska дека резервацијата на автомобили е започната, но дека тие ќе пристигнат само за четири до шест месеци. Тој не одговорил на дополнителните прашања преку е-пошта во предложениот рок, но неговиот одговор пристигна кратко време по објавувањето на статијата и одговорите се објавени без промени во полето на дното од статијата.

Тешко е да се процени дали Comsove всушност ќе почне да продава. На веб-страницата нема информации за сервисната мрежа што би ги одржувала автомобилите од таа марка.

Успехот или намерите на брендот може да се сомнителни бидејќи не е можно да се најдат споменувања на Комсова на македонските портали. Дополнително, врската до подетални услови за претходна нарачка на веб-страницата на компанијата во моментов води до празна страница. Страницата за кариера фрла уште поголем сомнеж врз целата приказна.

Според неа, Комсов во моментов бара различни профили на луѓе, вклучувајќи програмери и инженери во Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Нема подетални информации за ниту еден од споменатите профили.

Кан Џеладин: Во блиска иднина, возилата на Комсове ќе бидат присутни на патиштата во многу земји истовремено

Сите електрични возила на Комсове во моментов се произведуваат во Кина. Би сакале да ве потсетиме дека започнавме преговори со европска земја во врска со фабрика за склопување во Европа. Поради доверливост, не би можеле да ги објавиме деталите и името на земјата во оваа фаза.

Дистрибутер за Балканскиот регион за Comsove е Ideal Horizon Group (IHG). Comsove е име на автомобилски бренд.

Продажбата на возила започнала во неколку латиноамерикански земји. Наши целни пазари се Северна Африка, Латинска Америка, Европа, Балканот и Турција.

Модели и целни пазари:

Atiq (Комбе / 28.000–30.000 евра): Европа, Латинска Америка, Северна Африка
Heliq (Мини-камион / 8.000–10.000 евра): Европа и Балканот
Eliq (Кросовер SUV / 33.000–37.000 евра): Првично достапен во Кина, со планирана продажба во Европа од 2027 година
Meliq (Средна големина SUV / 45.000–49.000 евра): Моментално во фаза на претходна нарачка

Нашата сервисна мрежа е составен дел од нашата политика за задоволство на клиентите. Како дел од нашата Програма за дилери, ние обезбедуваме силни мрежи за услуги или стратешки партнерства за услуги во сите земји каде што работиме или планираме да работиме, со цел да обезбедиме високо ниво на задоволство на клиентите.

Во текот на оваа година, планираме да воведеме нов модел во сегментот возила за микро градови.

Нашиот енергетски оддел, исто така, планира да лансира соларен панел од 770 W оваа година. Моментално нудиме бифацијален HJT панел од 750 W наречен – Супер панел.

Апликации за застапување и дистрибуција пристигнуваат од целиот свет. Компанијата моментално е во фаза на евалуација на овие апликации. Во блиска иднина, возилата на Комсове ќе бидат на патиштата на многу земји истовремено.

Зачлени се на нашиот е-билтен