Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажните цени на нафтените деривати, се зголемуваат во просек за 4,55%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. и сега изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 5,00 и изнесува 98,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,726 и со тоа изнесува 48,099 ден/кг.
