Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти,
Зголемувањето, пред сѐ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 11,3 проценти и Транспорт и складирање за 10,9 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 проценти, Рударство и вадење камен за 5,8 проценти и Транспорт и складирање за 5,7 проценти.
