Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бисера Чадловска: Диригентското стапче не е волшебно стапче

Бисера Чадловска е првата жена диригент во Македонија, но важи и како еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти. Завидна е бројката на над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20-годишно работење како прв диригент во Националната опера и балет.

Во интервју за порталот Трн.мк таа открива дека за неа музиката не е само професија, туку и љубов и страст. Споделувајќи ја приказната за диригентското стапче и како се изградила нејзината кариера, раскажува приказна полна со емоции и љубов.

Секогаш елегантна на сцена се труди навистина да овозможи уникатно доживување на публиката.

„Грешки има и нормално е да има, сите сме луѓе и грешиме понекогаш“. Но, сепак тие грешки таа кажува дека се незабележителни за публиката.

„За мене, диригентското стапче не е волшебно стапче, оној што го држи стапчето врши макотрпна работа“, истакнува таа.  

Хоби и се јазиците и ужива да чита книги на странски јазици.

„Преку своето стапче, јас го толкувам светот и го споделувам со публиката”, открива Бисера.

Александра Тодоровиќ

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен