Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Не сум изненаден од постапките на Сиљановска-Давкова која лицемерно кажа едно, а потпиша изјава со уставното име

Министерот Оливер Спасовски вели оти е лага дека поради Самитот на ОБСЕ полицијата не обрнувала внимание на случајот со Вања Ѓорчевска | Фото: МВР
Министерот Оливер Спасовски вели оти е лага дека поради Самитот на ОБСЕ полицијата не обрнувала внимание на случајот со Вања Ѓорчевска | Фото: МВР

„Ако ги погледнете ставовите на Давкова и во Собранието и во јавноста и во кампањата, тие не беа помалку од тоа дали Преспанскиот договор воопшто ќе опстои. Можеби лично претседателката не се занимавала со раскинување, но ставот бил дека тој е невалиден, непотпишан според Уставот итн. Тоа беа ставовите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека не очекувал дека Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ поинаку ќе постапуваат по победата на изборите и дека воопшто не е изненаден.

„Факт е дека изјавата, свечената изјава е потпишана со уставното име и тоа само покажува еден таков лицемерен однос и пристап. Заради рејтингот, јавно ќе изговорам што ќе изговорам, но ќе потпишам како што е по Устав“, рече Спасовски.

Поранешниот министер за внатрешни работи додаде дека тоа ќе предизвикува реакции, но за реакциите треба да одговорат претседателката и ВМРО-ДПМНЕ.

Договорите со Бугарија и Грција и преговарачката рамка со ЕУ беа злоупотребувани од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам да ги репреговараат, вели Спасовски.

„Градењето на политики кои значеа отворање на перспективи на државата, како Преспанскиот и договорот со Бугарија беа премногу злоупотребувани во јавноста како нешто што не е потребно на државата“, посочи Спасовски.

Тој додаде дека критиките биле во насока на тоа дека државата не мора да ги отвора перспективите и да се помирува со соседите, бидејќи сме си доволни сами на себе.

„Факт е дека партијата која победи на изборите, ВМРО-ДПМНЕ, имаше постојано став дека и единиот и другиот договор не се потребни на државата и тој концепт на ВМРО-ДПМНЕ ја доби потребната поддршка од граѓаните“, рече Спасовски.

Поранешниот министер за внатрешни работи рече дека очекува концептот кој добил поддршка на изборите да репреговара со Бугарија и да донесе нов договор, а исто така и да репреговара со ЕУ за да донесе нова преговарачка рамка, бидејќи тоа беше основата на целото делување на ВМРО-ДПМНЕ. „Јас сум убеден и сега дека нема да се случи репреговарање на Договорот со Бугарија, ниту менување на рамката со ЕУ. Но, концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој значи репреговарање на договорите и преговарачката рамка со ЕУ е концептот кој ги доби изборите. Тоа веќе не е прашање на претходната влада, туку на идната. Очекувам дека овие прашања ќе бидат на дневен ред и дека за нив ќе се отворат дебати и во Собранието и во јавноста“, рече Спасовски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира