Во интервју за Рацин.мк, народниот правобранител Насер Зобери вели дека Владата никогаш не поднела извештај до Собранието како ги спроведува мерките донесени по препораките на Народниот правобранител. Во ова интервју тој говори и за „балансерот“ и тврди е укинат за да се создае правна празнина за вработувања без контрола. Народниот правобранител се осврнува и на иницијативата за еколошка правда за да се обезбеди уставното право на граѓаните за здрава животна средина, а го прашавме и за состојбата во затворите, за одговорот на инстистуциите за врсничко насилство и за други теми од интерес на граѓаните.
Со Народниот правобранител разговараше Зоран Бојаровски:
Наместо да ги донесе мерките веднаш по годишниот извештај на народниот правобранител, кок обично се доставува до Собранието во март во тековната година за состојбите во претходната, Парламентот обично ги усвојува мерките со кои ја задолжува Владата на крајот од годината и со тоа ѝ овозможува на Владата да не ја исполни својата обврска, два пати годишно да реферира пред народните пратеници за преземените мерки со кои треба да се надминат состојбите на кои, како на критични, укажува омбуцманот во својот годишен извештај.
Во интервјуто за Рацин.мк, Зибери вели дека тоа е доволен индикатор за пристапот на властите, и извршната и законодавната, кон извештајот на народниот правобранител и кон препораките што тој ги предлага.
„При секој настап во собранието укажувам на последиците од наспроведувањето на мерките, но ништо не се менува и заради тоа, состојбите се продлабочуваат и затоа добиваме сериозни забелешки за состојбте во затворите и за дискриминацијата на институциите кон граѓаните“, вели во интервјуто народниот правобранитрел Насер Зибери.
„Балансерот“ го укинаа за да создадат правна празнина за вработувања без контрола
Во ова интервју Зибери се осврнува и на актуелната состојба на „балансерот“, алатката за исполнување на стандардите за правична застапеност и обаснува зошто јавноста има перцепција дека кога станува збор за оваа тема, правичната застапеност се однесува само за Албанците во државата.
Зибери тврди дека заради несоодветната примена и алатката за правичната застапеност припадници на ромската, турската, српската и на другите заедници не се соодветно застапени на позициите во јавната администрација, и тоа е особено нагласено на раководните места.
„Сите овие податоци кога ќе се анализираат се добива впечаток дека инструментот за спроведување на правичната застапеност не беше доволно искористен, често пати и злоупотребуван и создаде една негативна перцепција кај јавноста“, вели Зибери.
На прашањето дали очекува дека новиот предлог на закон за правична застапеност ќе донесе и подобар инструмент од укинатиот „балансер“, народниот правобранител вели дека ќе биде многу тешко да се најде друг инструмент којшто ќе ја запази одлуката на Уставниот суд да не биде истакната етничката припадност, а при тоа да се спроведе соодветно застапување на заедниците.
„Доколку предлагачот, Владата и Собранието се обидат да најдат инструмент кој ќе биде поефикасен, тогаш не може да се заобиколи етничката припадност на вработените во јавниот сектор, зашто тоа е единствениот уставно уреден критериум за застапување“, вели Зибери. „Лично мислам дека Владата ќе биде навистина на испит да го премости овој проблем, да ја пополни оваа правна празнина што сега е создадена“.
Зибери истакнува дека канцеларијата на Народниот правобранител ја следи состојбата и дека, како орган кој по Устав е должен да ја следи оваа област, соодветно ќе реагираат.
„Посочувам дека со укинувањето на алатката за правична застапеност се создаде правна празнина, која што е намерно направена, затоа што сѐ додека не биде донесен новоиот закон за правична застапеност, институсициите ќе имаат одврзани раце за да можат да вработуваат без никакви ограничувања. Тоа е мое лично убедување“, предупредува Народниот правобранител Насер Зибери.
Над 50% од општините немаат инспекциски служби за заштита на животната средина
Во интервјуто за Рацин.мк, народниот правобранител Насер Зибери се осврнува и правото на граѓаните на здрава животна средина која што се должни да им ја обезбедат институцииите и на локално и на централно ниво.
Зибери вели „Состојбата е навистина алармантна“.
„Истражувањето покажа дека над 50% од едниците на локјална самоуправа немаат организирано инспекцисики служби за заштота на животната средина, немаат вработено ниту еден инспектор за жиовотна средина“, посочува Зибери на податоци од истражувањето што Канцеларијата на Народниот правобраните во спроведе си УНДП и со дел од граѓанските организации од заштитата на животната средина.
Зибери уште вели дека истражувањето покажало дека општините формално, бидејќи на тоа ги обврзува Законот за локална самоуправа, носат годишни планови и мерки за заштита на животната средина, но, најчесто, заради тоа што немаат служби за нивно спроведување, тие не се реализираат.
„Носат вакви мерки, а не планираат финансиски средства и тие практично не се спроведуваат“, вели Зобери во интервјуто за Рацин.мк.
„Ако нема инспектор кој ќе ги спроведува мерките, кој ќе укажува и ќе казнува, тогаш како може да очекуваме правниите субјекти и физичките лица да внимаваат на животната средина. Затоа ни се случува како печурки да никнуваат диви депонии, да бидат палени и загаденоста на воздухот да е со највисок процент“, истакнува народниот правобранител.
Омбуцманот Насер Зибери, нагласува дека заштитата на животната средина „не е само еколошко прашање, туку е и правда и фундаментално човеково право“ и затоа омбудсманите и институциите за заштита на човековите права „имаат се поголема улога во промовирање на еколошката правда“.
Во таа насока тој укажува на начелниот став на Врховниот суд, дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина како една од гаранциите на нашиот Устав кон секој поединец.
Зибери е охрабрен од се поголемата свест на граѓаните, за што, говори тој, во последните месеци бројот на претставки на граѓаните против држвата кои бараат таа да ги исполни уставните и законските обврски за здрава животна средина, е во постојан пораст.
Мобинг и врсничко насилство
Во интервјуто за Рацин.мк, народниот правобранител се осврнува и на катастрофалниот одговор на институциите на врсничкото насилство.
Зибери открива дека претставките за заштита на правата на децата во последните години се најбројни и во најголем дека се однесуваат на врсничкото насилство.
Тој наведува податоци од едно истражување на канцеларијата на Народниот правобранител, според кое дури 48% од децата опфатени со анкетата, биле жртви на врсничко насилство и дека само 26% од нив побарале заштита.
„Другите не се убедени дека училишата можат да им помогнат за ваквите проблеми“, вели Зибери
Како посбене случај, во интервјуто за Рацин.мк, народниот правобранител Насер Зибери посочува на изложеноста на граѓаните на големи финансиски ризици од финансиските друштва коишто нудат брзи кредити и кои за да ја остварат својата цел за профит, ги злоупотребувале личните податоци на граѓаните.
Како најдрастичен пример Зибери посочи дека заради недоволно уредена правна регулатива, особено надзорот над работата на овие финансиски друштва, имало ситуации кога друштва што организираат игри на среќа се јавувале како посредници кај давателите на брзи кредити, нивните клиенти да добиваат брзи кредити за да можат тие да ги трошат тие пари на игри на среќа.
„Одобрувале кредити само со приложување на лична карта, без да се утврди дали тие лица се кредитно способни. Тоа со закон го прекинавме“, вели Зибери, во соработка со Министерството за финансии од претходниот состав кога беа донесени законски дополнувања за контрола и надзор над финансиските друштва.
Во интерјвјуто за Рацин.мк народниот правобранител Насер Зибери ги открива и најважните прашања на кои во претстојниот период ќе биде насочено вниманието на заштитникот на правата на граѓаните што им следуваат од институциите.