Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Супа од сива маса

Бранко Тричковски
Бранко Тричковски

Биологијата, интелектуалноста и еманципаторската енергија кај Албанците има повисок тренд угоре отколку што трендот кај Македонците е удолен

Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ

Ако дозволиме дека амбицијата на еден господин ја надминува неговата вредност, јас би можел да бидам неврохирург специјалист за вморонски глави: што и да направам брчкајќи им по сивата маса не би можел да ги оштетам ретките неврони повеќе отколку што ги оштетил розевиот вениш на вмро.

Или, можеби, Господ.

Би можел да направам супа.

Како онаа на „Подравка“.

Со тоа што на насловната страница не би бил петел, туку некој твор.

Или створ.

Каква е разликата меѓу творот и вморонот?

Па, во тоа што од творот ќе ми остане крзното.

За чизми.

Но, има ситуации и актери кога разидувањето меѓу амбициите на еден човек со неговите вредности може да направи непоправлива штета врз општеството.

Врз државата, нацијата, општото добро

Кои не се вморонски.

Комитски.

Малку се понапред во политичката еволуција.

Таков е случајот со нашиот драг и никогаш непрежален Мицко.

Човекот кој сака да биде премиер!

Не сака да биде космонаут или пилот на Сухој.

Премиер и ништо друго.

Затоа што во Сухојот или во Старшипот на Маск не би можел да ја шета Гордана како што на времето јас го шетав мојот бигл.

Не, не сакам да кажам дека Гордана е бигл, но жената ја игра таа улога.

Дури има и опашка од богатство стекнато во матните води на транзицијата.

Можеме да ѝ туриме сол на тој остаток од еволуцијата.

Односно не ѝ можеме ништо затоа што таа има шпил од 300.000 души.

Карти.

Пјонтек.

Пластик, сто отсто.

Со тие луѓе Путин би можел да влезе во Киев.

Хахаха!

А Гордана да се качи на Водно

Чипирани идиоти.

Лудаци кои мислат дека зад хоризонтот што ќе го открие Силјановскаја ќе се појават ниви со марихуана и кока.

Што е ако не е кока нацртот на Велигденскиот устав.

Тоа е неверојатен напор Македонија да се македонизира.

Другите да ги имаат сите права што ќе им ги дадат Македонците!!!

Кои во не мал број реагираат на Мицко и Горда како сомови на пченка или на бучки.

Кампањата за новиот устав ја води како пченка за сомови.

Кои ги гледа не само како уловени туку и како испржени и сервирани со компир, блитва и други мирудии, магдонос од Куманово, влакна од левото апашко говно итн.

Ова не се избори меѓу  Гордана и Стево.

Кога би биле тоа Гордана би се повлекла.

Таа е доволно интелигентна да го разбере тоа.

Гордана не е будала.

Макар што настапува во нивно име.

Треба да се погрижи да ги загуби изборите.

Да ја одбие од себе масата која крека и кокодака.

И не знае што сака, но знае односно им кажале и ги чипирале да не сакаат.
Северна Македонија.

Макар и да ја нема.

Македонија.

Кои се тие идиоти, дир Гордана.

Знаеш ли ти во какво оро си фатена на кецот?!

Ти си албанофоб?

Така?

Немој да ми кажеш дека не си.

Ти си деец (хахаха, каков говњарски израз) на екипата лудаци кои сакаат да ја ремакедонизираат Македонија.

За кој курац ни е тоа ако знаеме дека најголемите свињарии ни ги направија, имено, Македонците.

Албанец премиер или претседател, уај нот!

Кој Албанец може да биде полош од Хорхе?

Цум бајшпил.

Им се извинувам на Албанците за оваа неумесност!!

Биологијата, интелектуалноста и еманципаторската енергија кај Албанците има повисок тренд угоре отколку што трендот кај Македонците е удолен.

Имаш ли ти некои информации кои ти кажуваат дека тој пад е поврзан со појавата на срањето што ни го претставуваш?

Вмро-дпмне!

Какво чудо е тоа?

Тоа со никаков Устав, драга Гордана не може да се реши.

Мислам во позитивна смисла.

Ти си, свесно или заведено, на страната на крајот на македонскиот национален и државен проект.

Ти си инструмент на таа деструкција макар што дозволувам дека тоа не ти е јасно, како што  не му е јасно и на голем дел од народот.

Ти имаш, ќе признаеш, голема улога во тоа сенародно оглупавување.

Заедно со своите бек вокали од Женскиот оркестар на ману/уким/чао.

По една ваква анализа, ќе речете, не е многу паметно да навивам за Стево.

Јас ќе ви кажам на сите фејсбук пријатели и на нивните пријатели, на пријателите на пријателите дека победата на Пендаровски е решение.

Да!

Јас сум имал две-три критички забелешки за неговата работа, но немам информации дека ми поднел кривична пријава.

Како Мицко, на пример.

Стево е претседател со кој може да се разговара.

Да се критикува и фали.

Ако имате основа да влезете во таков дуел.

Ако не сте одлепени.

Антиевропејски настроени.

Пирински и комитски.

Комитопулски.

Пендаровски е родител кој сигурно ќе сака да и пружи рака на Горданчето и да ја однесе на Плен де Жур.

Да се лула и спушта по тобоганчињата на Македонија. (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен