„Макавеј“ ја објави поетската книга „Избор, Порта на животот“ од ромскиот поет Јусуф Сулејман

Книгоиздателството „Макавеј“ во годинашната поетска едиција ја објави поетската книга „Избор. Порта на животот“ од ромскиот поет од Македонија Јусуф Сулејман.

Стихозбирката „Избор, Порта на животот“ е обемна поетска сиповед на околу 190 страници и претставува рефлексивно, но и реално трагање по суштината на животот. Поезијата од оваа книга ги актуелизира и поетки ги артикулира прашањата кој, кога, што и како го определува самото течение на животот, колку единката е моќна да се избори за својата опстојба на планетата, но истовремено и колективитетот како целина, како држава, како народ.

Секоја песна во книгата претставува една целина со мноштво асоцијации на настаните и собитијата кои произлегуваат од минатото, сегашноста и кои авторовата имагинација ги проектира во иднината.

Инаку, Јусуф Сулејман е поет, есеист, романсиер, раскажувач, писател за деца, преведувач… Пишува на ромски и на македонски јазик. Има објавено голем број авторски книги и преводи. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Книгата може да се купи во е-продавницата на издавачката куќа „Макавеј“ на линкот  https://makavej.com.mk/shop/izbor-porta-na-zhivotot/ и во книжарниците во центарот на Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен