Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри

Утврдувањето на износот на минималната плата насекаде е условен од одредени економски критериуми. Минималната плата треба да се утврдува во рамки на социјалниот дијалог, но договорот да се заснова врз бруто домашниот производ односно да ги има предвид економските параметри.

Како што посочи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Комората не е против покачување на минималната плата, но таа треба да биде формирана врз основа на докажувачки параметри.

  • Лично јас секогаш сум бил минималната плата според критериумите да биде утврдена на највисоко ниво. Секогаш сум бил на страната на потрошувачката, мислам дека тоа е основа, да се создава, а не да се штеди. Да се создава и да може да се покриват трошоците. Штедењето е домаќинска работа и му одговара на нашиот народ, но јас како бизнисмен сакам да создавам што повеќе и да ги покривам трошоците. Ја поддржувам таа иницијатива, немам никаков проблем ако тоа го покажат пресметките, рече Азески одговарајќи на прашања на медиумите по денешната средба со бизнисмените од Охрид.

Што се однесува на одлуката на американската администрација за воведување тарифи за македонските производи, Азески истакна дека САД се стратешки партнер на Македонија, тука државата нема многу можности за алтернативи.

  • Тоа се уште не е завршено, секојдневно слушаме за некакви промени. Веројатно американската администрација прави атмосфера за разговор на таа тема, секој ќе си го каже своето мислење. Ние ќе се бориме за правата на економијата, за царините, но почитувањето кон САД треба да остане како кон изразито стратешки партнер и тоа да се решава преку разговор што е единствен услов за напредок…Формулата за решавање на се е разговор и трпеливост. Бизнисот бара брзина, политиката наметнува трпеливост. Оттаму заклучокот, економијата на екомистите, политиката на политичарите. Почитување на стратешкото партнерство со САД, подобрување на односите со Германија како најголем трговски партнер. Македонија не смее да ги запостави евроатлантските интеграции, ниту регионалната соработка. Ние сме премногу мали за какви било авантури, треба на сите позиции и места да бидеме позитивно поставени да учествуваме во сите преговори и разговори, рече Азески.

Азески во оваа прилика посочи на голем интерес на домашните компании за инвестициски активности, конкретно за искористување на средствата од унгарскиот кредит, што е поразлично од почетните анкети спроведени од Комората кога испитувањата покажуваа интерес идентичен на износот понуден со кредитот.

  • Сегашната состојба е дека има двојно поголема побарувачка од средствата што се на располагање. Силен мотицивациски фактор за инвестициски ориентираните компании беше должината на враќањето на кредитите. Мислам дека во наредниот период треба да се поттикнат и банките во своите услуги да понудат кредини линии со можност за отпата на подолг период…рече Азески.

Зачлени се на нашиот е-билтен