Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Новата методологија за минималната плата е најголемата победа на работникот

Ова е прва година наназад гледано во којашто ја дефинираме висината на минималната пата без да преговараме, бидејќи таа е утврдена според методологијата со новиот закон, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ Стар. Според него тоа е системско решавање на проблемите, без закани и уцени.

– Конечно не се пазариме и не преговараме за достоинството на работник. Дали е денеска вицепремиер Битиќи или некој друг ќе нема значење, бидејќи ќе нема преговори, тоа е клучно и тоа е најголемата победа на работникот. Ова да се случеше пред 15 години за оваа тема и за миграцијата воопшто немаше да зборуваме. Ова да се случеше пред 15 години сега минималната плата природно ќе се искачеше на 30 илјади денари – рече Битиќи.

Тој додаде дека зголемувањето на минималната плата влијае на зголемувањето на просечната плата која сега е над 34 илјади денари.

– Тенденцијата е сигурна, нагорната линија на зголемување на плати е сигурна – рече Битиќи, додавајќи дека во јуни ќе може веќе да се предвиди колкав ќе биде износот на минималната плата за наредната година.

Една од клучните цели на Владата е да се подобри благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните во секој еден сегмент, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ Стар.

– Еден од ефектите е граѓаните да не бидат оставени сами и да не го носат сами товарот од кризата. Замрзнувањето на цени не е мерка која ќе видите во нормална пазарна економија. Но, има морални и етички однесувања и во дадени ситуации кога кон твојот потрошувач се однесуваш неморално и неетички и продолжуваш да ги растеш цените, а притоа имаш мерка за субвенционирана електрична енергија, мора да се донесе мерка спротивна од пазарната економија – рече Битиќи.

Тој кажа дека ваквата мерка е потребна зашто сме во период на криза, а понатаму ќе се зборува како ќе се дадат шанси за развој на компаниите.

– Не може јавни средства, пари на граѓаните, да ги користиме за субвенционирање на некој стопанственик, да му креираме профит на грбот на граѓаните. Мора да покажеме општествена одговорност која јас ја викам социјална правда – рече Битиќи.

Според него, утре ќе биде донесена уште една одлука со којашто се шири палетата на продукти со замрзнати цени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира