Филипче: Нема да преживееме ако наместо грантови од ЕУ, Власта продолжи да се задолжува со неповолни кредити

Филипче

Власта сега признава дека протоколите не се дел од преговарачката рамка и од договорот со Бугарија. Со тоа им паднаа во вода сите досегашни тврдења, оцени Венко Филипче на брифингот со новинарите на седиштето во СДСМ.

„Тоа ни дава за право да оцениме дека сето тоа било со предумисла да се блокира патот на нашата земја до ЕУ. Се закануваа дека ќе го вратат името, дека ќе го поништата Преспанскиот договор за подоцна да го оценат како дипломатски врв, а сега признаваат дека протоколите не се дел од преговарачката рамка“, истакна претседателот на СДСМ.

Ветуваа дека ќе се емни позицијата на нашата земја, па одеа дури и до таму што тврдеа дека ако нема решение за ова прашање треба да се бара алтернатива, како што рекол Африм Гаши во една изјава за медиумите, потсети Филипче.

На прашањето дали би прифатиле решение кое навестува излез од оваа ситуација Филипче рече дека и претходно и сега СДСМ останува на позициите дека ќе се согласат ако има таков предлог.

„Било што што ќе одобри и прифати ЕУ, а за нас претставува подобра позиција и излезно решение, ние ќе прифатиме“, рече Филипче.

Тој предупреди ако Владата остане на сегашните позиции и не ги прифати пораките од Брисел, Македонија ќе се најаде во многу тешка позиција економски.

„Нема да може да преживееме. Не може во недоглед да се земаат неповолни кредити и да се откажуваме од фондовите за поддршка од ЕУ и од грантовите кои ќе ги ослободат парите од домашниот буџет за одржливи проекти дома“, рече Филипче.

Најчитано