„Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство“ објави претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој додаде дека именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.
Гаши потврдува дека Собранието останува цврсто на заложбата за зачувување на институционалниот интегритет, почитување на законите, Деловникот, Уставот и обезбедување на транспарентност во сите собраниски процедури.
Претходно на пленарна седница на Собранието се разгледуваше интерпелацијата за работата на пратеничката Илире Даути, претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.