Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

Собранието на Република Северна Македонија ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од позицијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него.

Вкупно 61 пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ гласаа за интерпелацијата на Даути.

Законот за правата на бранителите беше поднесен од пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата на која се разгледуваат интерпелациите на Даути, како и на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик, како и против вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоиљковиќ.

Тие нагласија дека не сакаат да учествуваат во интерпелации поднесени од ДУИ кои се поднесени колку да се рече, без ниту еден збор во нив за бегството на Артан Груби, за отровниот воздух, како и за тоа дека претседателот на Собранието Африм Гаши е виновен за блокирањето на Законот за бранителите, а не Даути.

Даути рече дека само инсистирала да се зборува подеднакво како за бранителите, така и за припадниците на поранешната ОНА, кога се работи за посебни права.

Зачлени се на нашиот е-билтен