Северна Македонија на тебелата за висината на платите во образованието која ги опфаќа земјите членки на ЕУ, земјите од ЕФТА (Од договорот за слободна трговија) и земјите кандидатки за членство ги дели последните три места, заедно со Албанија и Босна и Хрцеговина, во зависност од висината на стажот или другите додатоци на плати што им следуваат на наставниците во образованието. Со студијата се опфатени вкпуно 33 европски земји.
Според компаративната студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која се повикува на Eurydice на Европската комисија, годишните бруто законски плати за наставници почетници во 2022/23 година се движеле од 9.897 евра во Полска до 84.589 евра во Луксембург во рамките на ЕУ.

Податоците се однесуваат за бруто платите на наставниците, односно со сите предвидени придонеси.
Наставниците во Германија (62.322 евра) заработиле речиси двојно повеќе од нивните колеги во Франција (32.186 евра). Шпанија (36.580 евра) беше малку над Франција, додека Италија (27.079 евра) падна подолу.
Интересно е дека во текот на последната деценија платите на наставниците доживеаја најголеми зголемувања, но најостри падови во некои од земјите опфатени со истражувањето.
Гледајќи ги промените во подолг период, како што е помеѓу 2005 и 2023 година, Грција доживеа драматичен пад на платите на наставниците. Наставниците во Грција изгубија третина од реалните плати во овој период, што е намалување за 33%. Значителен пад беше забележан и во Португалија (13%), како и во Италија и Англија (и двете од 12%).
Иако намалувањата беа помали, платите се намалија и во Шпанија и Финска (и двете по 5%) и Франција (2%).
Платите на наставниците во Унгарија се зголемија за речиси 50% во 2014 година во споредба со 2013 година.
Ова ја става Унгарија на врвот на листата за најголеми зголемувања на платите во овој период, а по неа е Турција со 37%.
Чешка и Словачка забележаа забележителни зголемувања од 18% во текот на изминатите 10 години, при што веднаш следи Шкотска со пораст од 11%.
Меѓу најголемите економии во ЕУ, Германија забележа најголем пораст од 7%, а потоа следи Франција со 4% во истиот период.
Помеѓу 2005 и 2023 година, Турција забележа значително зголемување на платите на наставниците, со пријавен пораст од 59%. Полска (28%), Германија (16%) и Норвешка (15%) ја следеа Турција, иако со пониски стапки на пораст.

Прекинат растечкиот тренд на платите во Македонија
Со доаѓањето на новата власт минатата година и со интервенциите во Буџетот за 2024 година, беше прекинат и растечкиот тренд на платите во образованието.
Синдикатот за образование наука и култура реагираше веднаш, но Владата, односно Министерството за образование дозволи вработените во основното и средното образование да добијат покачување од само 5 проценти или во просек по околу 1700 денари.
Ова покачување е далку помало од она што беше предвидено дека платите на вработените во образованието требаше да се зголемат за 12 проценти или во просек по околу 4000 денари.
Опсегот на платата за лицата кои работат во сферата на образованието, науката и истражувањето вообичаено се движи од 28.759 денари (минимална плата) до 54.477 денари (највисок просек, вистинската максимална плата е повисока).
Дел од вработените во основното и средното образование останаа незадоволни од ваквото зголемување, а други пак велат подобро е нешто отколку нешто, имајќи предвид дека владата беше на цврст став дека годинава нема пари за покачување на платите на наставниците, професорите и на техничкиот и административен персонал во училиштата.
ВМРО-ДПМНЕ ја прекина спирата на раст на плати во образованието што Владата на СДСМ ја започна и ја спроведуваше со долгорочен план.
Новата методологија и Колективните договори од претходните години обезбедија наставниците во основно образование стигнат до плата од 33,646 денари + минат труд за разлика од 2016 та кога имаа 21.100 денари, а во средното образование платите на професорите се 35.200 денари + минат труд за разлика од 2016-та кога беше 21.950 денари.
Под притисок на јавноста и на опозицијата, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) договори растот на платите во основно и средно образование да продолжи и во наредните четири години за да се постигне просечната плата во оваа дејност да биде идентична со висина од просечна или нешто над просечна плата.
Останува да се види дали тоа ќе биде остварено.
Во анализата се користени информациите од Еуроњуз.