Почитувани корисници на Рацин.мк, на нашиот и ваш портал во изминатите 30 дена се остварени 1 милион посети. Тоа е резултат на постојаниот и континуиран раст на посетеноста, којашто, без никакво сомнение, е резултат на вашата доверба кон Рацин.мк и на вашиот избор да побарате извор на содржини што поттикнуваат, прашуваат и предизвикуваат.
Ние во редакцијата остануваме посветени и благодарни затоа што вашата доверба за нас е поттик. Заедно градиме медиум, контекст и заедница со стремеж да ги почитуваме и следиме највисоките стандарди на журнализмот и на нашите читатели да им го испорачаме најважното на најдобар можен начин.

Ги отворивме портите за критички дебати за предизвиците што стојат пред демократијата во земјата и во светот. Во центарот на нашето внимание и дебатата ги ставаме врвните интереси и цели на нашето општество и држава.
Она што не радува и не инспирира уште податокот кој укажува дека нашите читатели се задржуваат многу повеќе на нашите содржини од просекот на навиките на корисниците на онлајн медиумите.
Уште еднаш, Ви благодариме на довербата. Одиме и понатаму заедно кон нови врвови.
				
				
															